ФОТО: „Не ги оставајте кучињата во автомобил на вакви температури“ - натписот што воодушеви милиони

Која е најглупавата работа што можете да му ја направите на вашето куче на овие температури? Точно, да го оставите само во автомобил.

Но, овој човек од Салзбург се бори против тоа. Раби Хијази е сопственик на ресторанот „Хајат“ и знае какви се последиците ако неговите гости на високи температури ги остават кучињата сами во автомобилот, бидејќи сакаат да „каснат нешто набрзинка“.

Неодамна на интернет се појави видео кое ги згрози луѓето. Маж и жена отишле во ИКЕА, а кучето го оставиле во автомобилот. Луѓето се обиделе да го спасат, но веќе било доцна.

За да спречи вакви ситуации, Раби на вратата на својот ресторан го ставил следниов натпис:

 

- Драги гости,

не ги оставајте кучињата во автомобилот на вакви температури, затоа што сакате да каснете нешто набрзинка.

Поведете ги со вас. Имаме голема тераса со песочна плажа и човековиот најдобар пријател може кај нас да пие колку сака.

Ваши, тимот на Хајат. 

 

Фотографијата за кратко време е споделена повеќе од 50.000 пати на Фејсбук. Ако и вие мислите дека ова е прекрасен чин, споделете со пријателите...

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

10.07.2015 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега