Овие работи мајката никогаш нема да ви ги каже - но треба да ги знаете

Блогерката и мајка, Наташа Крејг, совршено точно опиша што чувствува секоја мајка, од што стравува, но тоа никогаш нема да им го каже на своите деца. Емотивно и вистинито четиво.

Мајката често плаче

Плачела кога дознала дека е бремена. Плачела кога те родила и кога за прв пат те држела во прегратка. Често плачела од среќа или од страв, уште почесто од грижа. Мајката ја чувствува твојата болка и твојата среќа, дури и кога воопшто не си свесен за тоа.

Мајката го сака последното парче од колачот

Но кога ќе сфати дека ти го сакаш, ја губи желбата. Посреќна е кога ќе те види како слатко го јадеш ти.

Мајката ја боли

Кога ќе ја искорнете, или кога ќе ја изгребете со ноктите кои се плашела да ви ги скрати, ја боли. А ја боли и кога ќе ја гризнете додека ве дои. ја болело и кога ве носела и кога ве раѓала. Но тоа се слатки болки.

Мајката секогаш се плаши

Од моментот кога дојде на свет, мајката ти е како заштитник. Говорела “не” кога некој друг ќе сакал да те држи во прегратка, бидејќи никој не можел толку сигурно да те заштити како таа. Срцето и застанувало во моментите кога несигурно си ги правел првите чекори. Би останувала будна до доцна, проверувајќи дали се е во ред во куќата, а рано се будела за да те испрати во училиште. Кога би се засопнал, би била тука за да те фати. Била тука и за да ги избрка лошите соништа. Ниту ноќните мори не ти можеле ништо.  Мајката е тука за се да биде како што треба.

Мајката знае дека не е совршена

Всушност таа самата е свој најголем критичар. Понекогаш се мрази себеси. Секогаш сакала да биде совршена мајка, да внимава да не направи нешто погрешно, но само затоа што е човечко суштество правела грешки, кои веројатно и денес ја прогонуваат. Кога би можела да го врати времето, секоја мајка би сакала да го поправи она што го направила погрешно. Но не може. Затоа биди добар со својата мајка, бидејќи правела како што знаела најдобро.

Мајката често те гледала додека спиеш

Многубројни се бессоните ноќи во кои те молела да заспиеш, ти пеела и се надевала дека за брзо ќе се смириш. Во оној момент кога си потонал во сон, гледајќи во твоите очи и во твоето безгрижно лице, нејзиниот замор исчезнувал во истиот момент.

Мајката те носела повеќе од девет месеци

Таа те носела во прегратка додека чистела, додека јадела...иако ја болеле рацете и рамената, таа те држела бидејќи ти така си сакал. Те бакнувала, те прегрнувала, си играла со тебе, а ти си се чувствувал заштитено.

На мајката секогаш и се крши срцето кога ќе заплачеш

Би направила се за да те утеши, а кога не би успеала во тоа, би била бескрајно тажна.

Остатокот од текстот прочитајте го на најголемиот семеен портал во Македонија,Рингераја.мк.

 

 

Оцени ја веста

10.07.2015 - 18:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега