Крадците ограбувале но не се сетиле на камерите - полицијата фати двајца скопски криминалци

Двајца скопјани се приведени, откако ограбиле аптека и продавница на подрачјето на Центар.

Разбојниците А.Р. и Х.А. се здобиле со имотна корист од околу 18.000 денари, откако ги ограбиле касите, а од продавницата одзеле и голема количина на цигари.

Првото дело го извршиле на булевар ,,Кочо Рацин“ во аптека на тој начин што, откако влегле внатре, едниот разбојник од џебот од панталоните извадил нож и и го побарал дневниот промет на вработената. Потоа со другиот разбојник се упатиле кон работниот пулт, ја отвориле касата каде се наоѓале парите од дневниот промет, ги одзеле и ја напуштиле аптеката.  

Второто кривично дело го извршиле на 02.07.2015 година на бул,,Митрополит Теодосиј Гологанов“ во продавница на тој начин што, откако влегле во продавницата, повторно едниот разбојник се заканил со нож, и и ги побарал парите на вработената, додека во исто време другиот разбојник ја заклучил влезната врата. Кога вработената им рекла дека нема пари, разбојникот сам ја отворил касата и од неа ги одзел парите, а Х.А. од рафтовите одзеде голема количина на цигари, при што ја напуштиле продавницата и избегале во непознат правец.

Полицијата успеа преку ЦД-ња со снимен видео материјал од аптеката и продавницата да ги открие разбојниците, а кај едниот е пронајде и ножот со кој се заканувал. И двајцата не ги негирале извршените дела.

На 36-годишниот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а 17-годишниот Х.А. ќе се брани од слобода.

Делата ги извршиле во периодот од 01-02 јули во вечерните часови.

 

 

Оцени ја веста

12.07.2015 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега