Жителите на струмичко Дабиле незадоволни: Заев нема слух за нашите маки, да си поднесе оставка

Граѓаните од населеното место Дабиле денес го искажаа своето незадоволство од работењето на градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев.

-Тој со години ни ветува дека ќе изгради канализација во Дабиле, но од неа нема ништо. Решавањето на овој проблем е од големо значење за нас. Поради немањето на канализациона мрежа многу често септичките јами се излеваат, а низ целото населено место се шири неподнослива реа, а постои и опасност од појава на заразни болести. Но, градоначалникот Заев нема слух за нашите маки. Очигледно е дека тој повеќе не е заинтересиран за решавање на нашите проблеми ниту ги исполнува дадените ветувања. Жителите на Дабиле и цела општина Струмица заслужуваат градоначалник кој ќе биде посветен на работата и ќе ги решава проблемите на граѓаните, велат жителите на Дабиле.

Тие го повикаа Заев да си поднесе оставка и да се распишат вонредни локални избори. Жителите велат дека Заев им ветувал и игралиште, но и тоа ветување не го исполнил.

 

 

Оцени ја веста

12.07.2015 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа