Памела Андерсон му напиша писмо на Владимир Путин

Бујната американска актерка и активистка за правата на животните, Памела Андерсон, со писмо му се обрати лично на претседателот на Русија, Владимир Путин. 

Повод за писмото е нејзиниот апел до Путин да го спречи понатамошното убивање на китот, како и на другите загрозени видови, пренесува „Тајм“. 

Некогаш познатата спасувачка на плажа му се обраќа на Путин  и како љубител на животните и бара од него да го блокира поминувањето на бродот „Винтер Бај“, кој пренесува 1700 тони месо од кит од Исланд до Јапонија.

Исланд и Јапонија се две од трите држави на светот во кои е дозволен ловот на китови. 

Руската федерација е потписничка та конвенцијата ЦИТЕС, што значи дека претседателот Владимир Путин може да не дозволи  бродот да помине преку руски територијални води.

 

 

Оцени ја веста

13.07.2015 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега