Заборавете на пеглата за коса - еве како да ја исправите косата на горештините

За да не ја горите вашата коса и да не си правите дополнителни потешкотии на пеколните температури, ова е решението ако сакате да имате права и сјајна коса.

Водка

Славната манекенка Ева Херцигова ја користи за просветлување, а водката е подеднакво добра и за исправување на косата. Доволно е да ја помешате со регенератор и да ја нанесете на косата. Ниската pH вредност ги исправува кутикулите и ја „пегла“ косата. Но не се препорачува да се користи често, бидејќи може да ја исуши косата.

Банана и папаја

Со помош на банана и папаја ќе ја исправите косата, ќе ја нахраните и ќе го спречите виткањето. Најдобро е да помешате една зрела банана, папаја и две лажички мед и сето тоа да го нанесете на косата. Откако косата целосно ќе се исуши, треба да ја измиете и да ја исушите.

ИЗВОР: ВИСТИНА

 

 

Оцени ја веста

14.07.2015 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега