Каков подарок доби принцот Џорџ за својот втор роденден?

Британскиот принц Џорџ денес го прославува својот втор роденден. По тој повод Кенсингтонската палата објави нова официјална фотографија од принцот Џорџ и неговиот татко принцот Вилијам.

Роденденот ќе биде прославен во нивниот дом на имотот Сендрингам на кралицата Елизабета Втора.

Двегодишниот принц е трет по ред наследник на британскиот трон. Од неговото раѓање тој привлекува огромно медиумско внимание, но неговите родители Кејт и Вилијам во обид што повеќе да ги заштитат своите деца од јавноста, објавуваат многу малку нивни фотографии.

Од друга страна британците издале и посебна едиција на ковани пари од пет фунти по повод роденденот на малиот принц, на кои Свети Ѓорѓи убица змеј.

 

 

 

Оцени ја веста

22.07.2015 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега