Се вратил дома, накитот исчезнал - непријатно изненадување за тетовчанец

Teтовчанецот Н.Б. (59), останал без две кутии полни со златен накит, откако вчера во неговата куќа провалил засега непознат крадец.

Според МВР, крадецот влегол преку прозорецот од подрумот, ја пребарал куќата и нашол две сиви кутии полни со златен накит. НАтрапникот ги земал кутиите и исчезнал.

Вкупната штета се проценува на 6.000 денари. МВР интензивно трага по крадецот.

 

најчитано сега