Стејт департмент: Македонија е регионален лидер за справување со трговијата со луѓе

Според годинешниот Извештај на Стејт департментот на САД за трговија со луѓе, Македонија е регионален лидер во борбата против трговија со луѓе.

Според Извештајот за 2015 година, Македонија повторно го постигна статусот на земја од 1. Категорија, пренесува МИА.

„Напорите на Владата на Македонија во борбата против овa ужасно злосторство во изминатата година вклучија гонење и пресуди за полициски службеници за вмешаност во трговија со луѓе, иницијатива за идентификување на деца-жртви и нивно пријавување во организации што нудат помош, како и значително зголемување на буџетот за заштита и поддршка за жртвите. Ја охрабруваме Македонија во наредните години да ги зголеми своите напори за борба против трговијата со луѓе за да остане регионален лидер во оваа сфера, и се надеваме на понатамошно партнерство со Македонија за ова, но и за други витални прашања од областа на владеењето на правото“, стои во честитката од САД до Република Македонија.

Во извештајот од Стејт департментот меѓу другото стои дека Владата на Македонија целосно ги исполнува минимум стандардите за елеминирање на трговијата со луѓе

 

 

Оцени ја веста

27.07.2015 - 17:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега