Над 8000 граѓани извадиле месечен зелен картон

Над 8200 граѓани  купиле едномесечни зелени картони откако стапи на сила владината одлука за нивно повторно воведување. Осигурителните компании од 18ти минатиот месец па досега издале околу 28 000 зелени карти.Од Националното биро за осигурување кои располагаат со вкупните статистики, велат овој период од годината се повеќе луѓе се одлучуваат да извадат месечна зелена карта, најмногу оние кои еднаш годишно одат надвор од границите  за да ја посетат посакуваната дестинација.

Од А.Д. Осигурителна полиса ни потврдија дека околу 35 до 40 отсто од оние што лани ваделе годишни сега имаат извадено месечни зелени карти.

Дополнително ќе се утврдува какви ќе бидат ефектите од воведувањето на оваа мерка  врз вредноста на премијата што ја остваруваат осигурителните компании, а која беше донесена за да се намалат трошоците на граѓаните кои патуваат поретко.

Цената на едномесечната зелена карта за помалите автомобили чини 30 евра, а за оние над 66 киловати 50 евра. Годишниот зелен картон и понатаму останува да важи и чини 90 евра за патничките и  280 евра за товарните возила

 

 

Оцени ја веста

27.07.2015 - 22:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега