Завршува асфалтирањето на коловозот низ транзитниот дел во Крушево

Завршува асфалтирањето на транзитниот дел од регионалниот пат низ Крушево во должина од 2,4 километри. 

Според директорот на ЈП за државни патишта, Александар Стојанов, за оваа градежна активност од буџетот на ЈП за државни патишта се обезбедени средства во висина од 4 милиони денари.

Исто така завршени се и градежните активности на делови од делниците Крушево-Сладуево и Демир Хисар-Граиште-Света каде во рамките на програмата за одржување на државните патишта се изврши поправка и рехабилитација на коловозот.

patsoopstenie

Активностите на регионалните патни правци Крушево-Сладуево и Демир Хисар-Граиште-Света се повеќегодишни и истите ќе се изведуваат во периодот од 2015 до 2018 година. Од страна на Владата на Република Македонија за рехабилитација на делницата Крушево-Сладуево ќе бидат обезбедени околу 60 милиони денари, а за делницата  Демир Хисар-Граиште-Света околу 30 милиони денари.За оваа година од буџетот на ЈП за државни патишта преку програмата за одржување на државните патишта за овие патни правци се обезбедени и реализирани 7 односно 6 милиони денари.

 

 

Оцени ја веста

28.07.2015 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега