Македонците од Словенија: Не дозволуваме укинување на правото на глас на дијаспората

Во свое име како и во името на сојузот македонски културни друштва во Словенија каде делувам како подпретседател, во име на Македонско словенечкиот бизнис клуб, каде сум претседател и МКД Билјана Марибор, каде што исто така сум претседател, изразувам нездоволство и протест до барањата на опозицијата за укинување на фундаменталното право - правото на глас да биде укинато, се вели во соопштението потпишано од Бобан Пијанманов.

-И ние деца сме на Македонија, и ние секојдневно учествуваме во градењето на современа и самостојна Македонија и нема да дозволиме политичари од типот на Заев да ги деградираат придобивките, правата и обврските на диаспората. Делуваме на сите подрачја промовирајки ја нашата Македонија, работиме на подобрувањето на македонскиот имиџ во светот, остваруваме нераскинливи пријателства. Ги култивираме кај нашите сонародници македонската самосвест и македонското национално самочувство, да го развива чувството на заемна љубов и самопомош меѓу своите сонародници, да ги чува македонските обичаи, песни и умотворби, да ги величи и да ги цени високиот идеализам и подвизите на своите татковци и дедовци и, со се што прави, да создава пријатели на Македонија, стои во реакцијата.

 

Многу европски народи на својата дијаспора, меѓу кои и словенечкиот, го остваруваат своето есенциално демократско право гласање на избори за претсавници во нивните парламенти. Не дозволуваме укинување на овие фундаментални демократски права за макдонската диаспора.

 

 

Оцени ја веста

29.07.2015 - 17:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега