Што велат метеоролозите за утре?

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта кон петок ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а дневната од 35 до 42 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Во текот на ноќта ќе има краткотраен пороен дожд со грмежи.

Утринската температура ќе биде околу 20, а дневната ќе достигне до 40 степени.

Во петок претпладне, како и за време на продолжениот празничен викенд ќе има услови за локална нестабилност со локален дожд и грмежи. Дневните температури ќе опаднат за 3-4 степени.

 

 

Оцени ја веста

29.07.2015 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега