Пожар во кривопаланечко

Во пожарот кој вчера попладне избувна во Кривопаланечкото село Мартиница, во месноста викана „Врби“ изгореа половина хектар сува трева и десетина багремови стебла, Навремената совесна реакција на месното население допринела пожарот да не се прошири на блиската листопадна шума.

- Жителите на селото веднаш штом го забележале пожарот се јавиле во нашата служба, но истовремено започнале со гасење на истиот за да спречат негово ширење до шумата, што им успеало. Благодарение на месното население пожарот бил локализиран до пристигнувањето на екипа на ТППЕ и екипите на Јавното претпријатие Македонски шуми, подружница Крива Паланка кои брзо потоа го ликвидираа. Со тоа, спречено е да настане поголема материјална штета, изјавуваат од Противпожарната служба.

Ова е седми пожар во месец јули на подрачјето на општина Крива Паланка од кои најголем процент се со поголема материјална штета, а од ТППЕ Крива Паланка апелираа граѓаните да ја почитуваат забраната за движење во шуми во периодот на горештините, со што ќе се спречи појава на шумски пожари.

- Апелирам граѓаните да не се движат во шумите и да не палат оган на отворено бидејќи тропските горештини кои владеат периодов се сами по себе опасност од појава на пожари. Исто така упатувам апел доколку забележат пожар совесно да реагираат и не само да го пријават, туку и активно да учествуваат во неговото гасење, бидејќи првичниот пожар може да се изгасне само со чаша вода, нагласи Коцевски.

 

 

Оцени ја веста

30.07.2015 - 08:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега