Милошоски во работна посета на Канада

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија и претседател на Комисијата за надворешна политика, Антонио Милошоски е во работна посета на Канада.

Во текот на денешниот ден, соопшти собраниското Одделение за односи со јавноста, Милошоски ќе оствари средби со тројца пратеници од канадскиот парламент Тед Оптиц, Корнелиј Чису и Чангстен Лонг.

Tеми за разговор на средбите ќе бидат билатералните односи помеѓу двете држави, членството на Македонија во НАТО и значењето на македонската дијаспора во канадското општество.

 

 

Оцени ја веста

30.07.2015 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега