Ваучери од 6000 денари за новороденчињата во Кисела Вода

Семејствата на новите 40-тина жители на општина Кисела Вода, денес од градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ добија ваучер во вредност од 6000 денари.

Со денешното, 25-то по ред доделување на еднократна помош за новите родители од општината, бројот на досега доделени ваучери се искачи на 1100.

-Одлуката за јавно доделување на ваучери за еднократна парична помош на семејствата кои имаат принова, што ја спроведуваме веќе две години, е со цел да им излеземе во пресрет на семејствата за нивните првични потреби кои доаѓаат со новороденчето. Истата ќе се запази се до крајот на мојот мандат, потенцираше градоначалникот Беличанец-Алексиќ во своето обраќање.

Честитајќи им на присутните, таа уште еднаш испрати порака до сите останати родители од општина Кисела Вода кои имаат принова да ја поднесат потребната документација за остварување на еднократната парична помош.

 

 

Оцени ја веста

30.07.2015 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега