Мало разладување, но високи температури - еве што не очекува утре

Од УХМР за утре најавуваат променливо облачно и малку посвежо време. Ќе има со сончеви периоди но и со повремени локални и краткотрајни врнежи од дожд кои наместа ќе бидат проследени со грмежи, особено повеќе ќе бидат застапени во планинските подрачја но претежно ќе бидат во утринските и во доцните вечерни часови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец а долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Утрнската температура во земјава ќе биде во интервалот од 14  до 21, а највисоката, се очекува да достигне од 33 до 38 степени. 

Утре Скопје ќе биде променливо облачно  со сончеви периоди со услови за краткотраен дожд  и со умере до засилен северозападен ветер. 

Утринската температура ќе се спушти до околу 19  а највисоката дневна  ќе достигне до  36 степени.

 

 

Оцени ја веста

30.07.2015 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега