УЈП: Граѓаните и фирмите да ги платат заостанатите долгови за РДТ

Граѓаните и фирмите да ги платат заостанатите долгови за радиодифузна такса (РДТ) за да не се соочат со присилна наплата, апелира Управата за јавни приходи (УЈП).

- Апелираме граѓаните и фирмите кои имаат заостанати долгови за радиодифузна такса, да извршат плаќање на оваа јавна давачка во најкусо време, бидејќи  ќе почнеме постапки за присилна наплата со блокирање на трансакциските сметки со што обврзниците би се изложиле на дополнителни трошоци, соопшти денеска УЈП.

Состојбата на долговите за РДТ е наведена во Решението, кое УЈП го доставува до обврзникот секој месец, а дополнително проверка може да се врши и преку интернет, преку бесплатната електронска услуга е-Радиодифузна такса  https://etax.ujp.gov.mk.

Исто така, граѓаните можат да ги користат новите услуги на УЈП за електронско плаќање со безготовинска картичка Visa, Maestro и MasterCard (кредитна и дебитна) издадена од домашна банка.

Постапката за регистрација за електронско плаќање и проверка на состојбите за РДТ преку https://etax.ujp.gov.mk е бесплатна за граѓаните и не е потребен дигитален сертификат.

 

 

Оцени ја веста

31.07.2015 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега