ТРАГЕДИЈА: Две деца и нивната мајка загинаа пред Гевгелија

Две деца и нивната мајка, српски државјани починале откако утрово околу 7 часот со автомобилот кој го управувал таткото удрил во бетонски столб на патот Демир Капија – Гевгелија, дознава Press24 од полициски извори. Според информациите, автомобилот марка Рено Меган со српски регистарски ознаки загубил контрола и се удрил во столбот. Двете деца се на помала возраст. Во сообраќајката повреден е и таткото кој управувал со автомобилот но се наоѓа надвор од животна опасност.
Од МВР официјално ја потврдуваат оваа информација но не откриваат повеќе детали бидејќи увидот се уште трае.

 

 

Оцени ја веста

01.08.2015 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега