Крвава тепачка во делот за доживотен затвор во Идризово - Дино Диновски во болница

Крвава тепачка пред нешто помалку од еден час избила во затворот во Идризово, поточно во делот каде што се сместени осудениците со пресуда доживотен затвор.
Според информациите до кои дојде Press24 од полициски извори, по претходна расправија избила тепачка меѓу 29 годишниот Андоновски Рубин и 47 годишниот Диновски Дино.
Во тепачката, Рубин со остар предмет му нанел убодна рана на Дино во пределот на ногата.
Со возило на амбулантната помош Дно е префрлен во Ургентниот центар во Скопје.
Дино ДиновскиИнаку Дино Диневски е осуден за убиството на Сандра Китановска од 2006 година. Според пресудата, тој доби доживотен затвор откако ја нападнал девојката во близина на стариот Кванташки во Скопје, ја ограбил, ја силувал и ја задавил со фармерките.

 

 

Рубин АндоновскиРубин Андоновски исто така е осуден за едно убиство и тоа од 2010 година врз кумановскиот бизнисмен Горан Трајановски. Покрај ова дело, тој е осуден и за обид за убиство кога со пиштол испука во главата на таксист.

Кои се причините поради кои избила тепачката немаме информации.

Од МВР го потврдуваат случајот но не откриваат повеќе детали

 

 

Оцени ја веста

01.08.2015 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега