ВИДЕО: Погледнете колкава нива со марихуана има во Радовиш

НА 50 метри квадратни, радовишанец и турски државјанин си одгледувале марихуана

Во петокот во  17.20 часот по претходно добиени сознанија на земјениот пат кој води од с.Бучим према с.Кошево во ниско стеблеста жбунеста шума  на површина од околу 50 м2 на ограден простор  заштитени со плетена метална мрежа и покриени со зелена мрежа за заштита против град, полицијата ја пронашла нивата. Стеблата биле засадени во 16 реда од по околу 8 и 9 стебла во ред , или вкупно 147 стебла  од растението, одгледувани на обработливо земјиште. Стеблата се со различна големина  од 1,50 м  до 2,70 м и истите биле во фаза на цветање.

Од страна  на полициските службеници ,  за настанот е известен ОЈО во Струмица  по што целиот настан е документиран со видео запис, стеблата  се искорнати и донесени во ПС ОН Радовиш за понатамошно постапување.

Од страна на полициските службеници со наредба од Судија на Предходна Постапка извршен е претрес на домот на Г.Е.(27) државјанин на Р.Турција со привремен престој во Р.Македонија потоа кај С.С..(38) од Радовиш и кај лицето И.С.(33) од Радовиш.

По  наредба на Јавен Обвинител лицата се лишени од слобода

Од страна на Судија на Предходна Постапка за Г.Е. донесено е решение за определување на мерка на претпазливост, односно да се јавува повремено во полициска станица во Радовиш и тоа на парни денови во месецот до завршување на претходната постапка, додека за останатите две лица донесени  се  решенија  за определување на мерка на претпазливост со привремено одземање на патните исправи за преминување на државната граница, односно определената мерка на претпазливост да трае се до правосилноста на пресудата.

 

По целосно документирање на настанот против пријавените  ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

 

Оцени ја веста

05.08.2015 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега