ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се малодушни и не ги признаваат достигнувањата на Македонија

-Република Македонија во услови на глобална економска криза изминатите месеци успеа да постигне значителни економски резултати, доколку се има предвид економските параметри кои ги постигнуваат земјите од нашето соседство и земјите од ЕУ, кои се нашите најголеми економски партнери. Македонија компарирано со нив забележува видливи економсми резултати, стои во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Ванчо Узунов.

Само во првиот квартал за оваа година, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ, нашата економија бележи раст на БДП за 2,9%, што е четврти најдобар резултат во Европа. Оттаму истакнуваат дека овој факт е многу значаен и не може да се одрече.

-За прв пат после две децении невработеноста се намали на 29,9%, а збирно за годините во кои ВМРО-ДПМНЕ ја носи одговорноста за државата, бројот на нови работни места  е зголемен за 98.553. Исто така  во првите четири месеци од оваа година имаме инвестиции од  73,3 милиони евра што е значително повеќе мерено со истиот период од минатата година. Дополнително, се почесто големи светски фирми пројавуваат интерес за инвестирање во Македонија. Македонија во првите четири месеци од оваа година забележува и видлив пораст на извозот, стои во реакцијата на владејачката партија.

 

Сите овие резултати се плод на издржаната и разумна економска политика што ја води Владата на РМ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Тие потсетуваат дека разумната политика на Владата е нотирана во многубројни извештаи на ММФ, СБ и други меѓународни институции. 

 

-Очигледно Ванчо Узунов ја има добиено партиската наредба да говори и да критикува за се по секоја цена. Тоа впрочем го прават постојано. СДСМ покажуваат огромна малодушност и неможат ниту еден позитивен економски резултат на РМ да го признаат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

најчитано сега