Детали за трагедијата во Кичево: Младо момче почина во бизарна несреќа

Уште една голема несреќа ја потресе Македонија. Околу 11 часот и 15 минути во текот на вчерашниот ден, во несреќен случај при изведување градежни работи, животот го загуби 24-годишниот Башким Д. од Челопек, тетовско. Според податоците од полицијата, младото момче кое веднаш било префрлено во болница, им подлегнало на повредите здобиени од удар на стебло кое било префрлано со градежна машина „Багер“. Настанот се случил при изведување на градежни зафати  извршувани од градежната компанија „Перпарими“ од селото Челопек за изградба на мини хидроцентрала. Со телесни повреди се здобил 50-годишниот Р.И. од истото село кој е испратен во медицинскиот центар во Тетово на понатамошно лекување.

По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот епредадено за обдукција. Против 41-годишниот И.И. вработен во градежната компанија „Перпарими“ кој го управувал багерот, ќе биде поднесена кривична пријава.

 

 

Оцени ја веста

14.08.2015 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега