Крвава драма во тетовско: Го погодил со чекан во главата па пукал

Во текот на вчерашниот ден околу 7 часот во Селце тетовско се одвивала вистинска драма кога 38-годишниот Ј.К. и 36-годишниот Р.А. започнале расправија. Р.А. со багер изведувал градежни работи, ангажиран од страна на 40-годишниот Б.И., а при кавгата во еден момент Ј.К. се разбеснил и го погодил со чекан,со што му нанел повреди во пределот на телото. Потоа дошол и Б.И. за да ги раздели, а Р.А. извадил пиштол и испукал еден истрел во непознат правец. По кратко време пристигнале и браќата на Ј.К. и го напуштле напуштиле местото на настанот.

Повредениот е пренесен во Клиничката Болница во Тетово за укажување на лекарска помош. Со истиот како и со останатите лица извршен е разговор и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

 

 

Оцени ја веста

15.08.2015 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега