Нема да ви се верува: Еве кој седнува на судиското столче во Гранд

На судиското столче во Ѕвездите на Гранд би можела да седне Марија Шерифовиќ. Како што рекол изворот, директорот на „Гранд продукција“ Саша Поповиќ, веќе некое време е во преговори со Марија која би требало да ја замени Зорица Брунцлик, која по кавгата со Саша, си замина од судиското место.

Саша сакаше во жирито да биде и еден од најдобрите вокали на нашите простори, а и кандидатите особено ги сакаат песните на Марија. Поради тоа, таа веднаш му падна на памет, па на сите начини се труди да ја убеди да се приклучи во натпреварувањето. Наводно Шерифовиќ изразила желба да биде дел од детското натпреварување, но дали Поповиќ ќе и го одобри тоа, или ќе ја замени Зорица Брунцлик, ќе видиме наскоро, рекол извор близок на Гранд продукција за еден српски магазин.

Извор: Вистина

 

 

Оцени ја веста

18.08.2015 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега