Папагал приведен во полиција - навредил постара жена

Индиската полиција приведе на сослушување папагал осомничен за навредување постара жена.

Полицијата реагирала на пријава од 75-годишната Џанабаи Сакаркар која се пожалила на својот сосед кој наводно својот миленик по име Хариџал го научил да ја навредува секогаш кога таа ќе мине крај неговата куќа.

Сакархар тврди дека соседот се здружил со нејзиниот посинет син со кој е во имотен спор, и сите тројца - соседот посинокот и Хариџал завршил в полиција. Полициското испитување не дало посакувани резултати.

- Жената го повторуваше своето име пред папагалот, но птицата не кажа ниту збор. Внимателно се следевме, изјави полициски претставник.

 

 

Оцени ја веста

18.08.2015 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега