Наскоро во продажба првата женска „вијагра“

Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) донесе одлука да се пушти во продажба првото апче, што ја зголемува сексуалната желба кај жените. 

Тоа претставува пресвртница во фармацевстаката индустрија, која сака да го повтори големиот успех на лекот за импотентност кај мажите. 

Сепак, строгите мерки за безбедност при употреба на апчето „Адуи“ покажуваат дека тоа најверојатно нема да постигне ист успех како и „Вијагра“, што донесе милијарди долари на компанијата производител од крајот на 90-тите години. 

„Адуи“ ќе содржи предупредување дека во комбинација со алкохол, апчето може да предизвика низок крвен притисок и напади. Тоа, исто така, не може да се користи заедно со други, често препишувани лекови. Апчето е првенствено наменето за жени на возраст пред менопауза, кои имаат пад на сексуалната желба, наведува ДПА. 

- Тоа не е апче што се пие еден час пред секс. Треба да се пие секој ден во период од недели и месеци, за да се почувствува ефектот, изјави Лионор Тифер, психолог и организатор на петицијата против „Адуи“. 

Апчето „Адуи“ е производ на фармацевтската компанија „Спраут фармацутикалс“. Тоа беше двапати претходно одбиено од ФДА. Последанат одлука доаѓа откако комисијата во јуни одобри тоа да биде пуштено на пазарот под засилени мерки за безбедност и задолжителна продажба на рецепт.

 

 

Оцени ја веста

19.08.2015 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега