ВИДЕО: Таа има 60 години, а дели совети за убавина

Својата популарност ја стекнала преку постовите за убавина, кои ги објавувала на својот блог.

Супер бабата Мелиса која има 60 години, постојано постира туторијали за нега и убавина, кои очигледно се ефикасни, штом изгледа двојно помладо од нејзините реални години.

Милиони жени насекаде во светот ги следат видеата кои ги прави самата, а во кои открива совети за нега на тело и лице, како правилно да се нашминкате, како да ги решите проблемите со брчките и како да ја негувате косата.

Иако многумина ја обвинија Мелиса, која живее во Америка, има две деца и седум внуци, дека била под нож и дека користи ботокс, сепак таа ги демантира овие тврдења.

Во своја одбрана, изјавила дека единствено нешто кое не го прави самата е депилацијата, а што се однесува до кремите за лице и тело, како и серумите, дека сите тие се правени по нејзини домашни рецепти.

 

 

Оцени ја веста

19.08.2015 - 19:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега