Препорака од стручњаците: Ова е идеалната поза за спиење

Иако стручњаците немаат прецизен одговор на прашањето зошто спиеме, постојат неколку теории дека сонот влијае на нашиот ментален развој.

Според некои тврдења, сонот ни е потребен како би го зајакнале имунолошкиот систем, додека други тврдат дека е погоден за развојот на клетките, односно хормонот за раст кој се активира во длабок сон. Третата теорија пак ни говори дека сонот е неопходен за регенерација на нервниот систем.

Положбата во која што спиете не влијае само на вашето тело и на вашето ментално здравје. Новите истражувања откриваат дека некои од позите во кои што спиеме се подобри од другите, а еве и зошто е тоа така.

Според зборовите на стручњаците, совршена поза за спиење е кога сме завртени на страна, без разлика дали се работи за левата или десната. Со анализа на снимки од мозокот, тие заклучиле дека лимфниот систем кој што е задолжен за ослободување од токсините, работи поефикасно кога личноста спие завртена на страна, додека спиењето на стомак или на грб покажало и свои негативни ефекти.

Спиењето на стомак има лошо влијание на зравјето бидејќи може да доведе до дегенерација на ‘рбетниот столб, истегнување на лигаментите и мускулите околу ‘рбетот, а спиењето на грб пак може да доведе до отежнато дишење и ‘рчење.

Спиењето е состојба во која што човечкиот организам се одмора и опоравува од активностите во будната фаза. Притоа, се разликуваат и состојби без сон и состојби со сон, односно РЕМ спиење во кое што мозокот ги отфрла дел од информациите за да ослободи капацитет за нови.

Научните истражувања покажаа дека спиењето на страна ја намалува опасноста од појава на невролошки заболувања, како Алцхајмер или Паркинсон. Стручњаците тврдат дека квалитетот на сонот и положбата на телото во текот на спиењето се параметри кои што би требало да се земат предвид при откривањето на опасности од церебрални пореметувања.

 

 

Оцени ја веста

21.08.2015 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега