Во МНР состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на РМ

Како што соопшти МНР, амбасадорскиот состанок ќе го отвори министерот Попоски, а ќе се обратат и министрите Митов и Бушати кои ќе имаат интерактивна дискусија со шефовите на ДКП-та за актуелните надворешни политички прашања во рамките на ЕУ и НАТО, процесот на европската и евро-атланска интеграција на Балканот и за перспективите на регионалната соработка.
На Амбасадорскиот состанок свое обраќање ќе имаат и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељановски, како и вицепремиерот задолжен за економски прашања Владмир Пешевски.
Оцени ја веста
23.08.2015 - 14:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа