За една недела 1.114 повици на „Ало докторе“

Изминатите седум дена, од 17 август до вчера, регистрирани се 1.114 повици на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“. Јавувањата најчесто се за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, стомачен вирус и симптомна болка.

Како што информира Министерството за здравство, од 15 септември, од кога почна да работи телефонската линија, досега има вкупно 48.575 повици.

Линијата е достапна секој ден, 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на симптоми на нарушување на здравјето. Дваесет и двајца доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.

- На линијата „Ало докторе“ често се јавуваат граѓани за совети поврзани со терапијата која редовно ја примаат за хроничните болести и за симптоми поврзани со крвен притисок. На сите лица кои побараа медицински совет им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

 

 

Оцени ја веста

24.08.2015 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега