Цеца открива - каков човек беше Аркан

„Пред Жељко, воопшто не сум имала контакт со светот на криминалот и мангупштината“, изјави Светлана Ражнатовиќ Цеца за српските медиуми, присетувајќи се на среќните денови со поранешниот сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Цеца во периодот од 1995 до 2000 година била во среќен брак со Аркан, кој во тоа време бил една од најконтраверзните личности. После него пејачката не запозна некој кој ќе го сака подеднакво или повеќе, и до ден денес Аркан е нејзина најголема љубов во животот.

„За него слушав се и сешто пред да го запознаам. Помеѓу останатото, дека е опасен и ако го погледнеш на начин на кој него не му се допаѓа, тој ќе те истепа, па ќе разговара со тебе. Во животот похрабро суштество не сум запознала. Тој човек беше смел. Како жена да не умре за него?“, навела Цеца во интервју за магазин.

„Перфектно зборуваше пет јазици, ја прочитал цела светска книжевност. Беше интелигентен, плус лудо храбар, и невидено нежен“, додава Цеца.

 

 

Оцени ја веста

24.08.2015 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега