СДСМ контра Жерновски - што се случува во опозициските редови?

Советниците на СДСМ во Град Скопје не го поддржаа барањето на општина Центар за ослободување од комуналии за изградба на спортска сала.

Иако предлогот помина и беше изгласан, останува отворено прашањето зошто опозициските советници не подржаа барање на градоначалник од нивните редови.

Град Скопје ја ослободи општината од плаќање на комуналии, бидејќи изградбата на една спортска сала во училиштето „Гоце Делчев“ е за доброто на граѓаните.

На овој начин, Град Скопје ќе му заштеди 2,8 милиони денари на Центар и градоначалникот Андреј Жерновски кој на големо се жалеше дека општината нема пари.

-2,8 милиони денари е речиси една петина од средствата кои Жерновски оваа година ќе ги потроши за привремени работувања.Откако дојде на градоначлничката функција тој оваа стапка ја зголеми двојно и таа сега изнесува скоро 14 милиони денари, потсетува Сител.

 

Порталот Курир стапил во контакт со советничката од редовите на СДСМ, Софија Куноска, која изреволтирано одбила да одговори прашањата.

Доцна вечерва СДСМ испрати партиско соопштение во кое се вели дека за предлогот гласале воздражно поради принцип.

„Денес на дело се покажа колку добро функционира коалицијата помеѓу Стевчо Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ.  На денешната седница на Советот на Град Скопје беа поднесени две предлок одлуки од страна градот, едната за ослободување од плаќање на комуналии за објект на територија на Општибна Центар, а другата за легализација на дивоградба на територија на Општина Карпош. Советничката група на Сојузот за иднината принципиелно гласаше  воздржано во однос на двата предлога, како знак на противање на начинот на кој беа поднесини одлуките на самата седница.“ - велат од СДСМ

најчитано сега