Заврши реконструкцијата на улиците во скопската нселба Козле

Реконструирана е улицата „Леринска“ во населбата Козле, во должина од 960 метри.

- Проектот вреди два милиони евра, а вклучува подземни инсталации, нов коловоз, тротоари, фекална и атмосферска канализација и поставување на ново улично осветлување, изјави денеска градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.

Со инвестицијата опфатени се и улиците „Брадфорска“, „Пијанец“, „Крчин“, „Копачка“, „Илија Плавев“, „Стрезово“, „Ловќенска“, краците од улица „Ловќенска“, „Ловќенска 9 и 4“, односно целиот потег на улици, лево од главната улица „Козле“.

- Со ова, на граѓаните на Козле им се намалуваат проблемите околу фекалната и атмосферската канализација, а добиваат нов асфалтиран коловоз каде ќе можат безбедно да возат, истакна Јакимовски. 

 

 

Оцени ја веста

04.09.2015 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега