Фабриката МАКДИА почнува со работа
Претседателот на Владата на Република Македонија, денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на фабриката МАКДИА.
-Министерот Бил Павлески ме извести дека работи со една мултинационална компанија од прехранбената индустрија која на пат е да рестартира неколку пропаднати капацитети од прехранбената индустрија ида вработи неколку стотици лица. Министерот Висар Фида е во финиш на разговорите со една швајцарска софтверска компанија која ќе започне со 80 ИТ инжињери, а со друга швајцарска компанија го договара терминот за почеток на градба на нивната фабрика за соларни панели во Скопје. Виктор Мизо е во финиш на разговорите со една американска компанија од автомобилската индустрија која треба да започне активности од почетокот на 2016та скопската зона со план да вработи над 500 луѓе, а најдоцна следниот месец австрискиот Текспорт треба да почне со работа во Виница во нивната нова фабрика каде ќе се вработат над 200 лица. Христијан Делев ме информираше дека отварањето на Кап Кон во Скопје ќе се случи некаде кон крајот на октомври, а во втората половина на октомври очекуваме уште еден влез, овој пат на познат регионален бренд од прехранбената индустрија. Другите членови на тимот исто така се во активни финализирања на договори со повеќе познати компании, што се заедно говори, дека ќе следуваат поголем број нови компании и илјадници нови работни места, рече Груевски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа