Запален автомобилот на екс-градоначалникот на Прилеп

Ноќеска околу 3.30 часот беше запалено возилото на поранешниот градоначалник на Општина Прилеп, доктор Сашо Пирганоски.

Возилото марка „Цитроен Ксара“ кое било паркирано пред семејната куќа на Пирганоски, целосно е уништено.

Во изјава дадена за порталот РеволуционерМК Пирганоски вели:

До сега во мојот живот сум немал ни една закана, не можам да се сомневам во никој, поради тоа, од разговор со домашните ми кажаа дека има сведоци на настанот, останува на полицијата да го расветли случајот.

На местото на настанот излезе увидна екипа на Полициската станица од општа надлежност Прилеп, додека возилото на територијалната противпожарна единица пристигна дури 30 минути после пријавувањето на пожарот.

Детали околу мотивите и можните извршители не се соопштени.

 

 

 

 

Оцени ја веста

24.09.2015 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа