Македонија земја со најниски даноци во светот

Македонија има најниска вкупна даночна стапка во светот. Според листата што ја состави Бизнис инсајдер, државата се најде на првото место на листата 18 земји во светот со најниски даноци.

Македoнија има вкупна стапка од 7,4%, а од балканските земји на листата се најдоа уште Хрватска со 18,8% и Црна Гора со 22,3 проценти.

Македонија ги намали даноците во време на криза со цел да им помогне на фирмите

Македонија во изминатите години ги намалуваше даноците. Тоа се случуваше во период на глобална криза кога државите ги зголемуваат даноците за да ги наполнат буџетите.

Процесот на намалување на даноците во земјава започна во периодот 2007/ 2008 кога започна примената на рамното оданочување. Пероналсниот данок и данокот на добивка од тогаш се најниски во Европа – само 10%.

Но, рамниот данок не беше единстевната мерка со која Владата сакаше во услови на криза да им ги намали трошоците на фирмите и со тоа да ја зголеми нивната ликвидност.

Од 2009 до 2015 на фирмите им беше овозможено да бидат ослободени од данок на добиква доколку одлучат да ја реинвестираат добивката.

Во истиот период беа намалени стапките за придонеси за пензиско и за здравствено осигурување. Стапката на придонесот за пензиско осигурување е намалена од 21,2% на 18%, а на придонесот за здравствено осигурување е намалена од 9,2% на 7,3%, придонесот за вработување од 1,6% на 1,2%.

Се укина данокот на добивка за микро и мали бизниси со приход до 3 милиони денари.

Во 2011 година се пропиша ослободување од оданочување на трговските друштва класифицирани како мали и микро трговци чиј остварен годишен приход изнесува до 3 милиони денари. Ова даночно ослободување го користат над 37.000 мали и микро трговци годишно кои претходно плаќаа 1% данок на остварениот вкупен приход.

Беше воведена опцијата избери данок за мали и микро трговци чиј остварен приход во годината изнесува од 3-6 милиони денари. Тие можат да го изберат моделот на оданочување односно да изберат дали ќе плаќаат данок на вкупен приход во висина од 1%, или пак да плаќаат данок на добивка по стапка од 10%.

Воведен е систем на пресметување и плаќање на придонеси врз основа на бројот на сработени часови, со што е зголемена флексибилноста работодавците да ангажираат лица за сезонска и работа за која не е потребно полно работно време.

Во периодот 2006-2015 се намалување и стапката на ДДВ од 18% на 5% на повеќе категории на производи и услуги со цел да се излезе во пресрет на барањата на фирмите за да се помогне нивното работење.

Од 18% на 5% намалени беа стапките на ДДВ за поддршка на земјоделското производство добиточна храна и за живи животни , за сурово масло за производство на храна за човечка исхрана, за туристички услуги (услуги на сместување/ноќевање или сместување со појадок, полупансион или полн пансион, во сите видови на комерцијални угостителски објекти).

ДДВ е намалено и за земјоделската механизација, семенски и саден материјал, ѓубрива, репроматеријал и средства за заштита на растенијата, на водата за наводнување на земјоделско земјиште, за изградбата и прометот на станови, за компјутери и софтвер, за колектори и системи за сончева енергија, градскиот и за меѓуградскиот автобуски и железнички превоз, за лекови и медицински помагала, и за комуналните услуги.

Ниските даноци се магнет за инвеститорите

Сите овие намалување на даноците ја ставија Македонија на чело на листата змеји со ниски трошоци за фимрите. Освен Бизнис инсајдер, и Светска банка во Doing bussines извештајот ја рангира земјата на прво место во светот.

Бизнис Инсајдер пишува дека големите светски компании и бизнисмени планираат како клучен фактор при изборот на бизнис дестинација го земаат токму данокот.

Последниот Извештај за глобална конкурентност на Светскиот економски форум, ја користи “вкупната даночна стапка“ како мерка за тоа колку една земја е конкурентна.

Суштински правилото е едноставно – што помал данок, тоа подобро за бизнисот.

Определувањето на вкупната даночна стапка го дефинира Светска банка, а претставува збир на пет различни видови даноци и придонеси, а кој се плаќа по сите одбитоци и ослободувања. Тоа се данок на добивка, социјални придонеси кои ги плаќа работодавецот, данок на имот, данок на промет и останатите помали даноци.

Водејќи се по овие принципи, Бизнис Инсајдер направи листа на 18 земји со најниски даноци, на која Македонија е на првото место.

1. Македонија; 7.4%
2. Катар; 11.3%
3. Кувајт; 12.8%
4. Бахреин 13.5%
5. Лесото; 13.6%
6. Саудиска Арабија; 14.5%
7. Замбија; 14.8%
8. Обединети Арапски Емирати; 14.8%
9. Грузија; 16.4%
10. Сингапур; 18.4%
11. Хрватска; 18.8%
12. Луксембург; 20.2%
13. Ерменија; 20.4%
14. Намибија; 20.7%
15. Камбоџа; 21%
16. Канада; 21%
17. Црна Гора; 22,3%
18. Хонг Конг; 22.8%

економски.мк

 

 

Оцени ја веста

08.10.2015 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега