Детали за хоророт: Битолчанецот им давал пари на деца сексуално да го задоволат

Основното јавно обвинителство – Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка за шеесетгодишен битолчанец, кој сторил три продолжени кривични дела -Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Тој во временскиот период од  5-ти до 10-ти овој месец, извршил полови дејствија врз три деца кои не наполниле 14 години на начин што за паричен надоместок ги терал на блудни дејствија.

Надлежниот јавен обвинител кој ценеше дека се исполнети законските основи до судијата на претходна постапка на Основниот суд во Битола, поднесе Предлог за определување мерка – Притвор на осомничениот , кој предлог беше прифатен и со Решение е определена мерка Притвор против осомничениот во трање со 30 дена.​

 

 

Оцени ја веста

22.10.2015 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега