Кратко едукативно видео кое може да го спаси животот на вашето дете!

Британската болница Сент Џонс сними едукативно видео кое досега спаси повеќе од 40 детски животи.

Во кусиот но осмислен анимиран филм, играчките објаснуваат што треба да прават родителите или било кој друг ако се најде во оваа ситуација, кога дете ќе проголта играчка и почнува да се гуши.

Вработените во болницата спровеле истражување кое ги поттикнало да преземат сериозни чекори. Имено, резултатите од анкетата спроведена на лица кои завршиле на одделението за итна помош, покажуваат дека дури 40 отсто од родителите не знаат што треба да направат кога детето ќе проголта нешто ситно и ќе почне да се гуши.

За да ја поттикне јавноста одлучиле да го снимат ова видео во кој главни актери се токму предметите кои најчесто завршуваат во душникот на детето.

Погледнете како тоа го прикажале, зошто никогаш не се знае кому можете да му спасите живот.

 
 
27.10.2015 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега