Детали за трагедијата во битолскиот мотел: Парот имал четири деца

Лабораториските испитувања утврдиле дека 27-годишната Ѓултен Исовска и нејзиниот партнер, 33-годишниот Кашмир Исовски, двајцата од Битола, починале од предозираност со метадон, објави Плусинфо.

Кашмир Исовски и Ѓулџан Исовска беа пронајдени мртви во мотелот „Пржо“ во Битола. Како што соопшти вчера МВР, двете тела биле пронајдени на креветот покрај купатилото едно до друго без облека и во фаза на распаѓање. Во собата биле пронајдени и документи за лична идентификација.

Според соседите двајцата живееле во истото маало и одамна биле заедно. Имале четири деца, две машки и две женски. Најстарото девојче е на возраст од 10 години. Кашмир започнал да се занимава со продажба на дрога, па жената го оставила. Според информациите, тој бил сторител на повеќе кривични дела меѓу кои и такви поврзани со дрога. И тој и неговата партнерка биле од ромска националност. Потекнувале од битолската населба Караорман, за која битолчани велат дека е вистинско „нарко гето“.

Ѓулчен неодамна се вратила од Германија, живеела со мајката но повторно почнала да се состанув со Кашмир, пренесе Курир.

На 24 октомври изнајмиле соба во мотелот – по 10 дена откако никој не излегол од собата, вработените се посомневале и влегле во собата насилно отварајќи ја вратата, затоа што била заклучена од внатрешната страна со клучот оставен во бравата.

 
 
04.11.2015 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега