Битолчанец на своите вработени им давал пари на рака и не им исплаќал придонеси

Битолчанец, сопственик на ДООЕЛ „Колега“-Битола на своите вработени ги давал паричните средства на рака и не им плаќал придонеси за здравствено, пензиско-инвалидско осигурување.

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.Р. (44) од Битола, управител на ДООЕЛ „Колега“-Битола и против правното лице ЗДПТУ „Колега“ увоз-извоз ДООЕЛ-Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „повреда на правата од работен однос“ и „повреда на правата од социјално осигурување“. З.Р. како управител на правното лице „Колега“ во периодот од јануари 2013 до август 2015 година постапувајќи спротивно на Законот за работни односи, Законот за вработување на инвалидни лица и Законот за платен промет, нередовно и нецелосно им ги исплаќал паричните средства, односно паричните сретства ги исплаќал на рака, а исто така на вработените не им исплаќал придонеси за здравствено, пензиско-инвалидско осигурување.

 
 
04.11.2015 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега