Глетката во собата беше страотна - потресно сведоштво за хоророт во битолскиот мотел

Момчето и девојката кои беа пронајдени мртви во битолскиот мотел „ Пржо“ биле во брак. За весникот „Нова Македонија“ раскажува очевидец за ужасната глетка  во мотелот. 

Глетката беше стравотна. На креветот во собата лежеа безживотните тела на двајцата сопружници, а телото на мажот веќе беше во фаза на распаѓање. Врз неговата лева рака лежеше главата на почината сопруга, која во прв момент изгледаше како да е жива“. Со овие зборови за Нова Македонија, очевидец на настанот го опиша моментот кога вработените ги виделе телата на двајцата мртви сопружници од Битола, веднаш по кршењето на вратата на хотелската соба што ја изнајмиле.

Двојната смрт на брачната двојка во битолскиот мотел „Пржо“ вчера ја разбранува јавноста, а долго време се трагаше за каква било информација што ќе укаже за причината за нивната смрт. 

Повеќе информации прочитајте на  НОВА МАКЕДОНИЈА

 
 
04.11.2015 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа