„Сакам уште некое време да бидам покрај моите деца“ - писателката која боледува од рак се лекува во Скопје

Исадора Бјелица по трет пат се бори со тешката болест и моментално е во Скопје на лекување. За жал, најновите резултати не ја охрабрија, што и писателката неодамна ги извести своите обожаватели. 

- Ова е реалноста која повеќето луѓе не можат ни да ја замислат, но парадоксно е, што цел живот тежи, станувате свесни за светот околу вас и сфаќате колку сте мали и немоќни. Ништо не може да ги чисти умот и срцето низ страдањето. Ракот е тага, огромна тага, па поради тоа хуморот е тој кој може да ја истера. Се трудам да го задржам хуморот, и колку и да е тешко можам да се смееам, тоа значи дека сум жиба и дека има надеж. Хуморот покрај љубовта е најдрагоцената работа на светот, но вистински духовити луѓе се реткос, тие се најголем благослов на човештвото. Ако човекот е глуп, себе си сериозно се сфаќа, вели писателката Исадора. 

На храбрата Исадора тешко и паѓа за нејзиното семејство, како  ли тие ова ќе го издржат.

- За разлика од мене, сопругот е многу затворен човек ни по 22 години брак јас не знам што тој навистина мисли. Тешко му е и се молам Господ да му помогне ова да го издржи. Лав и Вила се моите ангели, мојата сила, причината што јас не се предавам, причината што се издржувам,  причината за која се обидувам и невозможното да го победам. Бескрајно му сум благодарна на господ што ми даде толку прекрасни деца. Тешко им е, но покрај моето страдање станаа уште подобри луѓе. Би сакала да бидам покрај нив уште некое време... искрено раскажува Исадора. 

 
 
05.11.2015 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега