ВИДЕО: Мислела дека има камен во бубрегот, но докторот и соопштил неверојатна дијагноза

Џуди Браун (47) се пријавила во болница во Масачусец, кога почувствувала силни болки во стомакот, претпоставувајќи дека станува збор за камен во бубрегот.

По прегледот, лекарот и соопштил дека не станува збор за камен во бубрег, туку дека таа е бремена. А само еден час по прегледот жената родила здраво девојче.

Ова е нејзино прво дете.

-Во брак сме 22 години, а ни на крај памет не ми падна дека можеби сум трудна, вели таа,

Педијатарот во болницата објаснил дека ова се ретки случаи, но дека сепак се случуваат.

 
 
09.11.2015 - 18:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега