Идната золва на Северина нема да дојде на свадба - еве зошто

Наташа Којиќ нема да присуствувана свадбата на нејзиниот брат Игор и Северина Вучковиќ, која ќе се одржи на 22 ноември во еден престижен белградски хотел. Наташа нема да дојде на свадбата на својот брат бидејќи има обврски околу работата. 

-Наташа има обврски околу работата и не е во можност да дојде. Семејството не е воопшто среќно поради тоа, но Наташа по секоја цена сака да успее во нејзината работа во Холивуд. Северина и Игор планираат да одат кај неа по свадбата на неколку дена – кажал за медиумите извор близок до семејството Којиќ.

Семејството Којиќ и идната снаа ја скратиле листата на гостите на свадбата, па наместо 500 гости, како што првично беше планирано на свадбата ќе има неколку десетици помалку, бидејќи пејачката му забранила на сопругот да ги покани пријателките  и некои од роднините.

 
 
10.11.2015 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега