Познатата двојка направи голем чекор: Мама е пресреќна!

Јелена Розга и Стјепан Хаусер не ја кријат својата среќа, а не требало долго време да излезат разни трачеви.

Тие после неколку месеци врска одлучија да направат нов чекор. Одлучиле да изнајмат стан во Загреб и се спремаат за заеднички живот.

- Ние од неодамна живееме заедно. Доста ни беа хотели и одење во посета, така што изнајмивме стан во Загреб кој е наша заедничка база. И убаво ни е иако имаме други животни навики. Се радувам што нема долги турнеи, па ќе бидеме на релација Загреб-Сплит-Пула, изјавила Јелена.

Освен станот, имало и запознавање со родителите.

- Родителите на Стјепан ги запознав летово, многу се драги и убаво ме пречекаа во нивната викендичка. Прв пат кога ќе одиме во Сплит и тој ќе ги запознае моите родители. Мајка ми е пресреќна што го најдв човекот кој ме сака и се грижи за мене, додала Јелена.

Тешко е Јелена да не ја сакаш, така што на моите веднаш им се допадна, а мајка ми тоа го покажа и со гозба што ја припремила, изјавил Хаусер.

 
 
13.11.2015 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега