10 автомобили исчезнаа од паркингот кај „Веро“

54 годишниот А.И. вчера пријавил дека дента му било одземено неговото возило „Голф“ со скопски регистерски таблички кое незаклучено го паркирал спроти „Веро“, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци на паркингот во близина на маркетот „Веро“ во Тетово, годинава досега регистрирани се вкупно 10 тешки кражби, од кои 9 во патнички и 1 во товарно возило, а регистриран е и еден обид за кражба. Најголемиот број од возилата кои биле цел на крадците или не биле заклучени или не биле поинаку обезбедени со алармна или друг вид опрема. Од возилата се одземани чанти, лапотопови и други предмети, а крадците незабележани го напуштале местото.

- Вкупната вредност на одземеното во овој период се проценува на над 222 илјади денари, изјави Јосифовски.