ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Девојкава леташе 30 метри по страшниот удар од возилото

Дваесетгодишниот Саболиќ Александар на 7 јуни минатата година, со „Ауди“ ја удри Милјана Живковиќ (18) од Ниш на обележан пешачки премин на улицата Димитри Туцовиќ по што таа летала триесетина метри пред да со голема сила удри во бетон.

„Поважно од било каква парична надокнада ми е да тој човек кој ми искрши се, да заврши во затвор“, изјавила Милјана која поднесе обвинение за тешко дело против безбедноста на сообраќајот чија е таа жртва.

Девојката се здоби со повеќекратни скршеници и повреди на внатрешните органи по што е оперирана. Најтешката повреда била скршеницата на черепот со крварење во мозокот, скршеница на рбетот, десната рака и потколеницата.

Обвинителството побарало да на Саболиќ и изрече казна затвор од најмалку година дена земајќи ја во предвид тежината на повредата и фактот што девојката е повредена на пешачки премин, како и околносите дека тој, како што вештакот утврди, возел со брзина од 66,6 километри, на место каде е дозволена само 50.

Но адвокатот на оштетената Милјана предложил да Саболуќ се осуди на само три години затвор.

Неговата одбрана пак побарала што помала казна, вклучувајќи ја и можноста истата да биде парична, но алтернативна санкција во вид забрана на напуштање на станот.

Жал ми е поради тоа што се случи. Виновен сум, тоа не можам да го поправам, но јас сум подготвен да дадам парична помош за повредената девојка за да ги ублажи последиците кои ги претрпе поради мојата вина“, изјавил осудениот на судењето.

Судијата на Основниот суд Тамара Цветановиќ Савиќ соопшти дека пресудата ќе ја донесе и на странките ќе и ја достави во законскиот рок.

Погледнете го видеото во кое Александар крвнички ја удира Милјана при што таа летна 30 метри.

 
 
19.11.2015 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега