Ужас: Бебе преживеа седум дена без вода и храна

Бебенце од 15 месеци успеа да преживее седум дена без вода и храна.

Девојчето е пронајдено во стан во Србија, а според полицијата го чувала бабата, бидејќи мајката била во затвор.

Инаку бабата починала од срцев удар, па бебенцето останало само. Мајката на бебето, бидејќи подолго време не примила посета, сфатила дека нешто не е во ред, па телефонски се јавила дома, но никој не и одговорил.

Потоа таа побарала од пријателите да проверат што се случува.

Бебенцето е пронајдено во тешка состојба, а безживотното тело на бабата е пронајдено во купатилото.

 
 
20.11.2015 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега