Зоран неутешен за загубата на малите дечиња: "Боже зошто ни ги зеде?"

31-годишниот Зоран и 28-годишната Јелица Перуничиќ од Пљевља, на кои во сообраќајката во кањонот на Тара им загинаа синот Вељко (6) и ќерката Теодора (5) , тргнале на свадба во Подгорица кога доживеале страотна несреќа. Нивниот среќен момент се претворил во трагедија која им ги зави животите во црно. Во ужасната трагедија загина и сестрата на Зоран Јелена (30), додека тој и сопругата се полесно повредени и по уклажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Несреќата се случи во саботата во 10 часот и 45 минути кога таткото со возилото Сеат слетал во каљонот на Тара, длабок 1,3 километри. Автомобилот се превртел неколку пати и завршил во реката, а најверојатно причина за несреќата е лизгавиот пат, со оглед на тоа дека врнело во текот на целиот ден.

Драго Перунчиќ, роднина на настраданото семејство, одбајснува дека Зоран со семејството тргнал на свадба кај братучед на жената од Подгорица. Несреќата се случила на 40-тина километри од нивната куќа.

-Колку што знам, се се случило за неколку секунди. На местото Логориште Зоран изгубил контрола над возилото и слетал од патот директно во кањонот. При превртувањето од возилото излетале тој и Јелица, додека децата и неговата сестра останале заробени на задното седиште од автомобилот кој потоа паднал во водата, објаснува роднината и додава дека телото на Теодора нуркачите го пронајдоа неколку метри низводно, а на Вељко и Јелена кај автомобилот. Зоран и Јелица биле полесно повредени. Тие се обиделе да дојдат до децата, но не можеле ништо да направат.

Роднината на семејството вели дека Зоран и Јелица потоа се пренесени во болница, но барале да ги пуштат за да може дома да ги однесат телата на настраданите деца.

-Не може со зборови да се опише колкава е таа тага кога телата на Вељко, Теодора и Јелена ги внесуваа во куќата. Лелекот на родителите ни ги кршеше срцата и душите. Скршена Јелица лелекаше по Вељко и Теодора. Боже зошто ни ги зеде, повторуваше и ги довикуваше нивните имиња. Ниту таа ниту Зоран мислам дека уште не се свесни што ги снајде, поптполно се надвор од себе. Несреќници, не се одвојуваат од ковчезите, вели роднината кој зборува со треперлив глас.

Тројцата од семејството Перуничиќ ќе бидат погребани денеска во 13 часот, а општина Пљевља денешниот ден го прогласи за ден на жалост.

 

 
 
23.11.2015 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега